Women in Tech Macedonia Awards 2026: Запознајте ја Гордана Клинчарова
Награда за технолошка дипломатија (Tech Diplomacy Award)
Гордана Клинчарова
Државен секретар во Министерство за дигитална трансформација
Во рамките на Women in Tech Macedonia Awards, ги славиме луѓето кои со својата работа, визија и посветеност оставаат значаен печат во технолошката индустрија. Преку ова кратко интервју, ви ја претставуваме приказната на Гордана Клинчарова, добитничка на наградата „Награда за технолошка дипломатија (Tech Diplomacy Award)“. Таа споделува искуства, предизвици и размислувања за иднината на технологијата и заедницата.
Што значи ова признание за Вас?
Оваа награда за мене значи потврда дека сите активности кои ги превземавме за градење на безбедна, модерна и дигитално отпорна средина се препознаени и дека има реални резултати. Посебно сум горда што наградата е доделена од Women in Tech Macedonia, со што се нагласува улогата на жените во развојот на дигиталниот свет.
Предизвици и мотивација
Најголем предивик за мене беше тоа како економист како ќе се движам низ сложени системи и да носам одлуки во средини каде процесите на дигитализација и сајбер безбедноста беа приоритет на нашето министерство и на државата.
Вистинска мотивација ми беше да се создаде средина која што ќе ги штити граѓаните и компаниите, нивните податоци и ќе ја зголеми нивната доверба во институциите.
Најгорда сум што за прв пат во Македонија е донесена Стратегијата за Сајбер безбедност и законската рамка која ја покрива оваа област, како и овозможување на граѓаните преку порталот е-услуги да ги извадат документите кои им се потребни, без да одат на шалтер, туку електронски. Реалниот ефект е задоволството на граѓаните што ги изегнуваат гужвите по палтерите, податоците им се сигурни и за прв пат ја чувствуваат државата како свој партнер.
Tech Екосистем и заедница
На македонскиот и регионалниот tech екосистем му недостасува поголема поврзаност помеѓу образованието, индустријата и јавниот сектор, како и поголем пристап до практични можности за развој на таленти. Мојата улога ја гледам во креирање политики и иницијативи кои ќе го подобрат токму овој мост — преку поддршка на иновации, градење капацитети и јакнење на довербата во дигиталната трансформација.
Со оглед што ние сме релативно ново министерство, сметам дека чекорите кои сме ги превземале и документите кои се усвоени, не се само експеримент, туку се применливи во секојдневието, а сето тоа е резултат на соработката на државниот сектор со меѓународните институции, граѓанскиот сектор и вклученоста на невладиниот сектор.
Како национален координатор на Центарот за побезбеден интернет би сакала да ги повикам сите деца, родители и наставници, да ја посетат нашата канцеларија или веб страната на центарот, каде може да најдат доста едукативни материјали и алатки за безбедно користење на интернет.
Исто така, ги охрабрувам сите да се јават на анонимниот телефонски број АЛО БУШАВКО 116 111, доколку забележат одредени несоодветни содржини на интернет или истите тие се жртви на сајбер напад.
Порака до младите:
Бидете љубопитни, бидете храбри и не чекајте „совршен момент“. Технологијата нуди безброј можности, пронајдете ја за вас вистинската и бидете во тек со секојдневните промени во оваа област.
Сакам исто да порачам дека треба и да бидете внимателни што и со кого споделувате во елетронскиот свет.
Едуцирајте се како да се заштитите и каде може да се обратите во сличај на напад или малтретирање на социјалните медиуми.