Women in Tech Macedonia Awards 2026: Запознајте ја Елена Петревска
Награда за Технолошки бизнис лидер
(Tech Business Leader)
Head of PMO (Project Management Office) во Pepperl+Fuchs SE, Германија
Во рамките на Women in Tech Macedonia Awards, ги славиме луѓето кои со својата работа, визија и посветеност оставаат значаен печат во технолошката индустрија. Преку ова кратко интервју, ви ја претставуваме приказната на Елена Петревска, добитничка на наградата „Технолошки бизнис лидер (Tech Business Leader)“. Таа споделува искуства, предизвици и размислувања за иднината на технологијата и заедницата.
Што значи ова признание за Вас?
Долго време верував дека треба напорно да работам во тишина и мојата работа сама ќе зборува за себе. Тоа функционираше одредено време, но со текот на времето сфатив дека понекогаш не е доволно да го даваш најдоброто а никој да не знае. Треба и да знаеш да застанеш во центарот на вниманието и да зборуваш за своите достигнувања. Тоа е нешто што сè уште го учам. Учествувањето на овој настан беше прв за мене да го направам тој чекор.
Оваа номинација за награда за жена во технологија ја прифаќам со голема благодарност и сакам да охрабрам и други жени кои мислат дека треба само тивко да работат. Излезете напред, претставете ја гордо својата работа и дозволете му на светот да ја слушне вашата приказна.
Предизвици и мотивација
Најголемиот предизвик на мојот професионален пат беше пред неколку години кога започнав да работам во проектен менаџмент. Во улогата влегов како некој што веќе беше препознаен како инженер поради мојата одлична работа и поддршката од компанијата, па очекувањата кон мене беа многу високи уште од самиот почеток.
Во тој период паралелно ја учев теоријата во проектен менаџментот, а во исто време во пракса учев како да менаџирам луѓе, различни карактери и интернационални тимови. Тоа беше голем предизвик, но и огромна школа.
Она што ме мотивираше да продолжам беше желбата за раст, учење и вербата дека најголемиот професионален развој доаѓа токму кога ќе излеземе од нашата комфорт зона.
Иновација и придонес
Проектот на кој сум најгорда е интеграцијата на една ново аквирирана компанија во интернационална организација. Тоа беше комплексен процес на усогласување на процеси, ИТ системи и податоци, како и градење заеднички начин на работа низ различни тимови и функции. Ја координирав интеграцијата преку 13 крос-функционални тимови од финансии, supply chain, продажба, логистика, ИТ, G&A функциите, итн. и редовно ги презентирав резултатите пред сениор менџментот.
Најголемата вредност од овој интеграциски проект беше тоа што сложената интеграција ја претворивме во структуриран и функционален систем на користење на исти алатки низ целат компанија, сатндардизирани процеси и интеркултурна соработка помеѓу колегите.
Tech Екосистем и заедница
Енергијата и талентот во македонскиот и регионалниот tech екосистем се многу силни, но најголем предизвик е ограничениот пристап до поголеми инвестиции и финансиски средства кои овозможуваат брз раст и развој на кариера.
Многу важно е и да се создадат повеќе врски со посилни меѓународни екосистеми, како на пример, Германија, за да се отворат повеќе можности за соработка, размена на знаење и изложеност на поголеми проекти. Јас гледам дека можам да придонесам во тоа преку градење и зајакнување на ваквите „мостови“.
Поглед кон иднината
За 5 години, би била најгорда ако денес ја донесам одлуката да останам посветена на континуирано растење, дури и во моменти на висок стрес, неизвесност и голем обем на работа. Паралелно, би била екстремно горда ако успеам да ги завршам докторските студии и да го заокружам тој дел од мојот академски и професионален развој.
И најважно, би била среќна ако успеам да останам автентична во сè што правам – во хармонија со своите вредности и личниот интегритет, без разлика на околностите.
Порака до младите:
Не е потребно да ги имаш сите кариерни чекори однапред испланирани. Важно е да имаш насока, да знаеш што ти лежи и дури да си дозволиш да пробуваш различни активности, да се посветиш со цело срце во тоа што го правиш, и да дозволиш процесот да ти покаже можности кои понекогаш се дури подобри од она што првично си го замислил/а.