Women in Tech Macedonia Awards 2026: Запознајте ја Франка Граждани
Жена во Web3
Франка Граждани
COO and Co-Founder of 223
Во рамките на Women in Tech Macedonia Awards, ги славиме луѓето кои со својата работа, визија и посветеност оставаат значаен печат во технолошката индустрија. Преку ова кратко интервју, ви ја претставуваме приказната на Франка Граждани, добитничка на наградата „Жена во Web3 (Woman in Web3 Award)“. Таа споделува искуства, предизвици и размислувања за иднината на технологијата и заедницата.
Што значи ова признание за Вас?
Мене ми значи многу, бидејќи сум борец за жените во tech и STEM, па секако и за во Блокчејн и Веб3.
Се надевам да инспирира девојки кои сега се мислат што да се определат за во иднина, и да видат дека и јас, што сум почната на истото место како нив, сум стигнала да направам нешто поголемо за мојата кариера и визија.
Предизвици и мотивација
Голем предзвик е да се биде млада девојка во индустрија со над 90% мажи – возрасни. Меѓутоа на долг и тежок начин научив дека морам да бидам самоуверена, и да знам што зборувам, па така се навикнав да не обрнувам внимание на тие работи кои ме плашеле порано.
Иновација и придонес
Го основав мојот стартап Проксимити за NFC технологија поврзана со Блокчејн, и од Македонија тоа сега се користи во повеќе од 20,000 производи низ цел свет.
Tech Екосистем и заедница
Недостигa поддршка од државата и од државните институции. Ниту една институција не е фокусирана на младите, и не мисли како пред се да ги поттикне да мислат на претприемништво, а после и на поддршка на тие идеи. И апсолутно недостигнува охрабрување дека како Македонци можеме да постигнеме на глобален маркет да се бориме – и тоа се постигнува со сослушување на младите.
Поглед кон иднината
Ако за 5 години погледнам наназад најгорда би била на мојот егзит / аквизицијата на мојот стартап. Долго се мислев дали да го продадам, бидејќи сепак беше мое прво бебе – но многу пораснав со тоа, и сега мојата визија се продава глобално.
Порака до младите:
1/ Ве молам работете многу, од денес за утре нема успех, кој работи многу – секогаш добива.
2/ користете ги бенефитите на живеењето тука во Македонија, прашувајте, зборувајте со луѓе, користете ги познанствата во Македонија. Тука може да пораснете многу за кратко време, па после да се проширите надвор многу полесно и посамоуверено.
Thank you for everything Women In Tech! Апсолутно водите во оваа мисија на инспирирање млади девојки во т.н. Машки свет!
Strong women build strong women!