„Не дозволувај никој да ти каже дека нешто не е за тебе“ - приказната на Мила Личкова
Мила Личкова е сериски претприемач, директор во Doors Impeks – една од најстарите компании за гаражни врати, Door Mat и коосновач на Ways2Help, платформа посветена на поврзување на луѓе, компании и организации кои сакаат да помогнат таму каде што е најпотребно.
Повеќе од шест години активно работи на развојот на Doors Impeks, компанија специјализирана за резидентни и индустриски гаражни врати, утоварни рампи, противпожарни врати, автоматики и специјални врати за махацински простории (ладилници, комори, болници). Иако основната дејност ни е продажба на гаражни врати, ПП врати ,индустриски решенија (докинг системи) и секаков тип на автоматизација. Континуирано инвестираме во дигитализација и модерни технологии. Во секојдневното работење користиме алатки како Trello за организација на процесите, како и AI платформи како ChatGPT и Claude за анализа, оптимизација и развој на нови идеи и решенија. Паралелно работиме и на развој на сопствен софтвер, бидејќи веруваме дека иновациите и технологијата се клучни за раст и подобрување на секој бизнис, без разлика на индустријата.
Покрај својата професионална улога, Мила е посветена и на општественото влијание при што помага често и за животни, а преку Ways2Help, иницијатива која ја одразува нејзината верба дека успешните заедници се градат преку соработка, поддршка и грижа за другите.
Можеш ли да ни го опишеш твојот професионален пат и како стигна до твојата сегашна улога и индустрија?
Ако некој ми кажеше пред неколку години дека еден ден ќе зборувам со иста леснотија и за човечки ресурси, и за финансии, и за гаражни врати, веројатно немаше да му поверувам. Мојот пат не беше права линија. Секогаш бев љубопитна да научам нешто повеќе од она што ми стоеше во описот на работното место. Наместо да прашувам „чија е оваа работа?“, почесто прашував „како можам да помогнам?“. Така постепено од административни задачи почнав да навлегувам во организација, финансии, работа со луѓе и оперативно управување.
Една од работите што најмногу ме обликуваше беше работата во Доорс Импекс. Брзо сфатив дека зад секоја врата што ја продаваме стои многу повеќе од производ, стојат рокови, логистика, монтажа, тимска работа и пред се доверба од клиентот. Имаше денови кога наутро разговарав со кандидат за работа, напладне решавав логистички предизвик, а попладне бев на состанок со клиент. Токму таа динамика ме научи да размислувам пошироко и да барам решенија наместо изговори.
Денес најмногу уживам во тоа што сум дел од процесите кои ги движат работите напред. Не затоа што секогаш е лесно, туку затоа што секој предизвик е нова можност да научам нешто и да создадам подобар начин на работа за целиот тим.
Дали постои момент, искуство или одлука што го обликувала твојот пат во оваа индустрија? Што те мотивираше да останеш?
Какво беше твоето искуство како жена во традиционално машки доминирана индустрија? Со какви предизвици или предрасуди си се соочила?
Како би го опишала твојот стил на лидерство и кои вредности те водат во твојата работа и носење одлуки?





Раскажи ни повеќе за тоа како во твојата работа даваш еднаква шанса на сите?
Исто така, горди сме што сме мултиетничка средина во која секој се чувствува добредојден. Во нашиот тим работат Македонци, Албанци, Бошњаци и Роми. Никогаш не сме гледале кој од каде доаѓа, туку каков човек е и како може да придонесе.
Можеби најсилниот пример за мене е тоа што дадовме шанса и на лице кое во тој период беше бездомник. Не затоа што мислевме дека ќе биде лесно, туку затоа што верувавме дека секој заслужува можност за нов почеток. За жал, приказната не заврши онака како што посакувавме, но никогаш не зажаливме што се обидовме.
Токму во таквите моменти се гледа што навистина значи еднаква шанса. Не секоја приказна ќе има совршен крај, но верувам дека секој човек заслужува некој да му ја отвори вратата и да му даде можност да покаже што знае и може.
Каков совет би им дала на млади девојки кои влегуваат во индустрии како твојата, и што мислиш дека треба да се промени за повеќе жени да успеат и напредуваат во овие области?
Најголемата сила е да останеш своја, автентична и доследна на вредностите во кои веруваш.