Become a Member Today. Register Here

Успешно заврши "Vibe Coding Bootcamp"- учесниците со реални дигитални решенија за помалку од една недела

Заврши првото издание на “Vibe Coding Bootcamp”, интензивна еднонеделна обука во 5 модули од 2 часа, наменета за луѓе кои сакаат да научат како да градат веб-сајтови, автоматизации и AI-базирани решенија без класично програмирање. Учесниците, со различно предзнаење, од софтверски инженери до луѓе кои за прв пат соочување со овие алатки, низ практична, hands-on настава ги совладаа алатки како Lovable, Make.com, Google Sheets и AI, и за само неколку дена претворија идеи во функционални прототипови.

 

Women in Tech Macedonia се гордее со разултатите и благодарение на позитивниот фидбек, се подготвуваат и нови можности за приклучување на буткамп со пред-регистрација на следниот линк.

Буткампот го водеа два искусни тренери со повеќегодишно искуство кои низ целата програма им помагаа на учесниците one-on-one, водејќи ги низ процесот на градење сајт, поврзување автоматизации и интеграција на AI во нивните решенија.

 

Наместо класични предавања, фокусот беше ставен на “learn by doing” – учесниците секој ден градеа, тестираа и подобруваа сопствени проекти во реално време.

 

Резултатите зборуваат сами за себе, за само една недела учесниците развија широк спектар на решенија, меѓу кои:

 

  • Апликација за детекција на измами – платформа каде корисниците можат да пријават сомнителни SMS-пораки, е-маилови или телефонски повици, а AI автоматски ја анализира веројатноста за измама и ги објаснува предупредувачките знаци.
  • AI Wellness Concierge – дигитален консултант за wellness центар кој низ персонализирани прашања им препорачува на клиентите соодветни услуги.
  • Платформа за автоматизирани нарачки и фактурирање за бизнис со едукативни играчки.
  • Алатка за SEO анализа (“Me Rush”).
  • No-code билдер на сајтови, изграден целосно со Make и Lovable.
  • Апликација за поврзување родители на деца со невротипичен развој и училишен тим, со цел полесна комуникација.
  • Платформа за тренд-мониторинг во реално време, со автоматско AI-класифицирање на содржини и дневен email со најпопуларните трендови.

Импресии од учеснициге

Фидбекот од учесниците беше навистина позитивен, со посебна пофалба за практичниот пристап и посветеноста на менторите:

“Ја сакам практичната работа и индивидуалната помош од менторите. Ги научив основите на градење сајт и автоматизирање на процесите во него. Содржината беше директно по потреба.” – Моника Каџибанова

“Буткампот беше практичен, инспиративен и полн со вредно знаење. Научив како да користам AI за градење реални решенија и добив самодоверба да ги применам овие вештини во моето работење.” – Маја Спасовска

“Навистина уживав во буткампот затоа што беше практичен, интерактивен и фокусиран на градење нешто реално од идеја… Покажа како автоматизацијата и AI алатките можат значително да го забрзаат процесот на развој.” – Ебру Џиџо

“Ми се допадна што се фокусираше токму на нас, следејќи нè чекор по чекор. Содржината беше многу добро одбрана, а јас стекнав ново знаење кое ми ја зголеми самодовербата!” – Николина Атанасова

“Научив многу нови работи што ќе ми користат во иднина.” – Иван Златановски

“Vibe Coding Bootcamp” уште еднаш докажа дека со вистинскиот пристап и алатки, секој, без разлика на техничкото предзнаење, може за само неколку дена да претвори идеја во работечки дигитален производ. Организаторите најавуваат нови изданија на буткампот, со план за уште подолг формат кој ќе им овозможи на учесниците подлабоко да се фокусираат на своите проекти.