Become a Member Today. Register Here

Women in Tech Macedonia Awards 2026: Запознајте ја Ивана Каралиева Петреска

Награда за Продукт лидерство (Product Leadership)

Ивана Каралиева Петреска

CEO на Бокси

Во рамките на Women in Tech Macedonia Awards, ги славиме луѓето кои со својата работа, визија и посветеност оставаат значаен печат во технолошката индустрија. Преку ова кратко интервју, ви ја претставуваме приказната на Ивана Каралиева Петреска, добитничка на наградата „Продукт лидерство (Product Leadership)“. Таа споделува искуства, предизвици и размислувања за иднината на технологијата и заедницата.

Што значи ова признание за Вас?

Ова признание за мене е потврда дека вреди да се верува во својата визија и кога патот е неизвесен. Се надевам дека ќе испрати порака до младите жени дека технологијата и претприемништвото имаат место за нивните идеи, глас и амбиција.

Предизвици и мотивација

Најголем предизвик беше да останам истрајна во моменти кога резултатите не доаѓаа веднаш. Ме мотивираше вербата дека секоја идеја што решава реален проблем може да направи промена со упорност.

Иновација и придонес

Најгорда сум на проект кој преку технологија им помогна на деца и семејства полесно да пристапат до едукативна и квалитетна содржина. Најголемиот успех беше кога видовме реално влијание кај корисниците и позитивни навики што ги создава производот.

Tech Екосистем и заедница

На нашиот tech екосистем му недостига повеќе поддршка за долгорочен раст, како на пример менторство, доверба и простор за експериментирање. Сметам дека мојата улога е да споделувам искуства, да охрабрувам нови идеи и да покажам дека и од мал пазар може да се создаваат глобални приказни.

Поглед кон иднината

Најголемите можности често доаѓаат по најнеизвесните чекори. За 5 години би била најгорда ако денес продолжам храбро да носам одлуки. Дури и кога тоа подразбира целосно пренасочување на продуктот (т.н. пивотирање) и прилагодување кон вештачката интелигенција бидејќи тоа е сегашност и идинина.

 

Би сакала повеќе луѓе да веруваат дека успехот не е само личен резултат, туку и можност да се отвори пат за следните генерации.

Порака до младите:

 

Не чекајте да се почувствувате „доволно подготвени“ за да започнете. Учете додека создавате, бидете љубопитни и не плашете се од неуспеси, тие често се најважниот дел од патувањето.